
Услуги
Со нашиот модерен и високо квалитетен возен парк вршиме различни видови на локален и регионален превоз на патници.
Низ годините се докажавме како верни партнери на компаниите на кои им нудиме услуги за превоз на нивните вработени од и до местото на работа нудејќи им на компаниите најдобри решенија во зависност со нивните потреби во однос на планирање на рути, распоред на ротации и соодветен избор на возила.

Нашата компанија исто така нуди услуги на клиенти со поединечни барања (саеми, настани, прослави, итн.) Нудиме превоз и за ученици и студенти со најдобри решенија во согласност со потребите на училиштата и универзитетските кампуси. Како партнер од доверба на училиштата, вршиме услуги на транспорт за училишни екскурзии и слични културни и спортски патувања.