Историја

Компанијата Кит-Го Транс е основана 1993 година во Штип со основна дејност вршење услуги во областа на превоз на патници на територијата на град Штип. Како пионери во областа на транспортот на патници, после краток период од основањето, компанијата дејноста ја прошири и на територијата на Македонија. Денес компанијата има две седишта на организирање на транспорт, во Штип и Струмица со комплетно организирани центри за организација на транспортот и целосно опремени гаражи со механичари и техничари за постојан мониторинг на возилата.

Започнувајќи со само едно возило, компанијата низ годините прерасна во компанија која денес има на располагање висококвалитетни и климатизирани 40 минибуси и 50 автобуси и над 70 вработени.

Нашето мото е врвна услуга, професионализам и задоволни клиенти. За остварување на мотото нашиот тим се стреми кон професионален избор на возачи, квалитетен возен парк и конкурентни цени кои се темел на нашата успешна приказна.

Нашиот најголем приоритет е безбедноста на патниците со нудење на соодветни возила и искусни возачи.